Драма во Скопје: Жена се породила дома, го оставила бебето и изчезнала
Бремена жена се породила во својот стан на ул. „Методија Шаторов Шарло“ во скопски Аеродром, по што изчезнала, сведочат нејзини соседи. Во зградата во моментов има полиција и брза помош која го нашла новороденчето. Бебето, според неофицијални извори е живо згрижено од службите по што ќе се испитува неговата здравствена состојба. По мајката се трага.
МВР е на терен, како и брзата помош со цел да ја спасат мајката.