Две тешки сообраќајки во Бутел, лицата итно пренесени во болница

Две тешки сообраќајки во Бутел, лицата итно пренесени во болница

На 23.10.2018 година во 18.30 часот на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје, Л.А.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „Форд Галакси“ со германска национална ознака, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

На 23.10.2018 година во 12.50 часот на крстосница од улица „Александар Урдаревски“ со улица „Душко Поповиќ“ во Скопје, патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А. (46) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(70) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.И., кој бил однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави