Канческа-Милевска: Се ќе излезе на виделина
Ако некој мисли дека ќе се скрие зад некого или нешто, се излажал – сѐ ќе си дојде на виделина, вели пратеничката Елизабета Канчевска-Милевска, која пред четири дена беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Дојче Веле.
Таа вели дека немала никакви дилеми пред да го притисне зеленото копче на гласањето за уставни измени во Собрание.
-Имав јасно изграден став во однос на оваа точка на дневен ред во Собранието и во оваа фаза, а тоа е дека треба да се вклучиме во активна амандманска расправа. Дека треба да се дебатира во таа насока, да се вклучи пошироката јавност, да се вклучат експерти, професори по меѓународно и уставно право, ние пратениците, лидерите на политичките партии, и да се даде максимум се со цел да се подобри Договорот. Не гледам ништо лошо во однос на мојата одлука. Одлуката ја донесов без никаков притисок од ниедна страна, анализирајќи ја од многу аспекти целокупната состојба. И одговорно стојам зад мојата одлука. Сметам дека е неопходно да го направиме ова. Само на овој начин ќе видиме кој на каков начин и во минатото, и сега се залагал да го реши ова прашање кое ја попречува нашата евроатланска перспектива. Јас тоа сакам да го знам, но и јавноста и граѓаните заслужуваат тоа да го слушнат. Тоа им го должиме на граѓаните. Во нашата пратеничка група имаме пратеници кои активно биле вклучени во преговарачки процеси за решавање на ова прашање, на највисоко политичко ниво, но и во сегашното раководството на партијата. Тоа не треба да го заборавиме! А во јавноста во изминатиов период се креираше лажна перцепција дека во Собранието веднаш ќе се гласа за промена на името на државата и поддршка на Договорот. Тоа не е така, и се потврди дека не е така. Зошто се бега од дебата, тоа е некоја мистерија за мене – вели Канческа-Милевска.
Целото интервју прочитајте го овде.