Пратеничката Даниела Рангелова во телефонски разговор од март 2013 година со експремиерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во предметот „Титаник“ на СЈО, му вели дека сите што работеле во Општина Центар се комуњари и ништо не работеле, а таа се расправала со тогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ дека ништо не сработиле.
„Сè комуњари се таму. Тоа е општинска машинерија што треба да работи за нас“, вели Рангелова. „Јас кога се карав со Тодоровиќ, кога викав дека ништо не се работи ми велевте дека сум негативна. Народот казнува“, додава таа во разговорот со ексминистерот Јанакиески, кој, пак, констатира дека слабо стојат во Центар.
„Ништо не е работено 3 години. Само оваа година. Јас ги снимав дупките…“, вели Рангелова.