Времето изутрина и претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од четири до 11, максималната од 14 до 21 степени.
Во скопско ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали. Во среда од крајот на денот и преку ноќта преку земјата ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер.
Во четврток сè уште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура позначително ќе опадне. Од петок дневните температури ќе се во постепен пораст.