„Титаник“: Миле за Кочани ќе ми требаат 6 автобуси луѓе од Италија

„Титаник“: Миле за Кочани ќе ми требаат 6 автобуси луѓе од Италија

Ова е една од „бомбите“ кои се слушаше денеска во Кривичен суд на рочиштето за случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности. Во други „бомби“ се зборуваше како да се придружуваат луѓе на гласање во 2013 година а тој што нема да дојде да му биде ѕвонето на телефон.

Беше објавен и разговор помеѓу Миле и Иво Ивановски, поранешен министер за информатика.

Миле: Дебар Маало најслабо поминавме. Направи ми списоче со име, адреса. Викни ја Елена…

Иво: На мајка ми комшивки… И јас уште се водам на таа адреса.

Миле: Многу ми е битно.

Во една од „бомбите“ некој му се обраќа на Миле и му вели „за Кочани ќе ми требаат 6 автобуси да носиме луѓе од Италија. Колку ќе им треба, 2 дена за да стигнат од Италија?“

Треба да знаете
Последни објави