Марсело побарал трансфер во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Марсело, побарал од раководството да му дозволи трансфер во Јувентус, каде што летово се пресели неговиот голем пријател Кристијано Роналдо.

Медиумите шпекулираа дека Марсело и летово сакал да се пресели во Јувнтус, но Реал не му дозволи.

Јувентус веќе ја затворил финансиската конструкција за евентуалниот трансфер на Марсело. Парите би ги обезбедил со продажбата на Алекс Сандро во ПСЖ или во некоја екипа од Премиер лигата.

Се претпоставува дека цената на Марсело изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Бразилецот е играч на Реал од 2007 година кога на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Флуминенсе.

Треба да знаете
Последни објави