Саудискиот крал Салман и неговиот син престолонаследник Мухамед бин Салман се сретнале со семејството на убиениот новинар Џамал Кашоги.
Тие се сретнале со синовите на Кашоги, Салах и Саел.
Потсетуваме, Џамал Кашоги бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, а од Ријад тврдат дека тој настрадал во тепачка откако испрашувањето тргнало на лошо.
Поради тоа престолонаследникот уапсил 18 луѓе и сменил неколку високи службеници.Многумина сепак сметаат дека Кашоги е намерно убиен и тоа со умисла, како и дека за тоа знаел и самиот принц Мухамед бил Салман.