Ќе дадеме налог и ќе си гласаат, му вели Канческа-Милевска на Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. На денешното рочиште се репродуцираат необјавени бомби.

Во една од нив од 28 март 2013 година, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и’ врти на тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска за да и’ побара да гласаат вработени во институции од културата.

„Дајте ми шо треба… За Оливер не е проблем. Ќе дадам налог и ќе си одат да гласаат. Јас ќе му се јавам на Оливер“, вели Канческа.

Миле ја советува дека тоа се вработени во КИЦ, Драмски театар, Театар Комедија.

„Одма ќе ги свикам јас ако треба“, му вели ексминистерктата на Јанакиески.

Во друг разговор, соговорник на Јанакиески му вели дека Жарко Луковски му дал список со броеви од 2000 луѓе и да се врти кај нив.

Предметот за изборни измами е во фаза на доказна постапка и се изведуваат бомбите на СЈО.

Треба да знаете
Последни објави