Ќе ја запалам, ќе и е*ам матер,вели Рангелова за вработена што не гласала за ВМРО-ДПМНЕ

Прaтатеничката Даниела Рангелова во телефонски разговор со ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му вели за некоја вработена дека се колнела и плачела дека гласала на изборите, иако според списокот што го добила, не излегла на гласање.

„Ќе ја запалам. Ќе и’ ебам матер! Сто работи сум и’ завршила“, вели Рангелова.

Во друг телелфонски разговор, соговорничка на Јанакиески го прашува дали е запознат со идејата да им ги расипат лифтовите на денот на гласањето во Капиштец, во Центар.

„Ти се свиѓа тоа?“ го прашува Јанакиески соговорничката. Истиот муабет се повторува и во друг телефонски разговор од 1 април 2013 година во кој повторно разговараат Јанакиески и соговорничка која му вели: „Миле, а да им ги расипеме лифтовите на дел од зградите?“

Во кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. На денешното рочиште се репродуцираат необјавени бомби.

Треба да знаете
Последни објави