Инвеститорот на зграда кај Мајчин дом ги повикува граѓаните на средба

Инвеститорот на зграда кај Мајчин дом ги повикува граѓаните на средба

Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом околу која се крена прашина и се организираа протести од жителите на Аеродром, ги кани граѓаните на средба. Поканата ви ја пренесуваме во целост.

Поканата ви ја пренесуваме интегрално:

Почитувани граѓани на Општина Аеродром, граѓански активисти и здруженија,

Во среда (24.10.2018) ве повикувам на средба во урбаната заедница „Острово“ (во Т.Ц. Скопјанка, на втор кат), во 19:30 часот. Во рамките на средбата ќе дискутираме за проектот за зградата на плацот пред Мајчин дом, моменталната ситуација и престојните активности.

Би сакал да ги слушнам вашите мислења на темата и да ви ги претставам моите ставови и идни планови. Се надевам дека ќе имаме продуктивна дискусија и ќе успееме да најдеме заедничко решение за проблемот кој нѐ засега сите.

Со почит,

Фатмир Етеми.

Треба да знаете
Последни објави