Кристијано Роналдо изминатава ноќ имаше можност повторно да заигра на стадионот на кој се етаблираше како голема светска фудбалска ѕвезда, а како и многупати претходно, и синоќа излезе како победник со тоа што сега го носеше дресот на Јувентус.
Без разлика што не можеа да бидат задоволни од резултатот, фановите на Јунајтед покажаа класа и му се поклонија на Роналдо по крајот на натпреварот, а и Португалецот им возврати на идентичен начин, искажувајќи ја цела љубов која ја чувствува кон нив.
Кристијано беше во прилично емотивно издание кога последен го напушти теренот, а неколку часа по полноќ испрати и порака на социјалните мрежи за тоа што го доживеа на театарот на соништата.
– Важна победа во многу емотивен меч за мене. Беше одлично да се игра на „Олд Трафорд“ повторно. Благодарност до сите фанови за приемот и поддршката, – порача Роналдо.