Американскиот Стејт Департмент ги оцени како неразумни и лажни обвинувањата на Русија дека САД биле вмешани во недамнешното гласање во македонското Собрание за уставните измени.
„Обвинувањата дека претставници на американската Амбасада во Скопје биле вмешани во процесот на гласање се неразумни и лажни. Ја поздравуваме одлуката на македонскиот парламент. САД веруваат дека договорот е историска можност да се промовираат стабилноста, сигурноста и просперитетот во регионот“, изјави портпаролот на Стејт департментот во Вашингтон.
САД вели дека Собранието гласало за движењето за иницијативата за уставни измени во согласност со преспанскиот договор, што Атина и Скопје го потпишаа на почетокот на јули оваа година. Стејт Департментот наведе дека со недамнешното гласање во Собрание е дадено зелено светло за уставните измени во земхара.
Како што пренесуваат грчките медиуми, Стејт департментот укажува дека пратениците по меѓусебни консултации самите ја донеле одлуката и тоа може да се истражи. Вчера реагирапе и македонското Министерството за надворешни работи кое ги отфрли како неосновани и невистини тврдењата на руското МНР во врска со гласањето.