Божиновска гестикулирала со рацете пред да влезат насилниците

Божиновска гестикулирала со рацете пред да влезат насилниците

Во Кривичниот суд денес се презентираше собраниска снимка на рочиштето за „27 април”, на која се гледа кој се влегол во кабинетот на Трајко Вељаноски.

Кога толпата веќе е навлезена во Собранието, пред кабинетот на  Вељаноски е многу раздвижено. Најпрвин се гледа како собраниското обезбедување постојано влегува и излегува од кабинетот, а со нив и обвинетата Елена Божиновска, вработена во Собранието. Божиновска во еден момент трча и ги крева рацете, а обвинителката опиша дека скокала од радост.

„На лицето од обвинетата Елена Доцевска-Божиновска се гледа радост, таа трча од кабинетот на претседавачот Трајко Вељаноски и гестикулира со рацете“, рече обвинителката презентирајќи ја снимката.

По неколку нејзини влегувања и излегувања, кон кабинетот со фантомка на главата која ја трга пред да влезе се упатува Никола Митревски -Кољо, а со него одат и од собраниското обезбедување. Потоа доаѓа голема група, која брзо се враќа назад. По Кољо во кабинетот влегуваат уште неколку сега обвинети за „27 април”.

Неколку минути подоцна, Кољо излегува со фантомка од кабинетот и тргнува кон скалите, а од информации објавени во медиуите Вељаноски за време на упадот бил засолнет во неговиот кабинет.
Треба да знаете
Последни објави