Експремиерот Никола Груевски доби упатен акт да се јави во затворот во Шуто Оризари.
Според актот, Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот, каде треба да ја отслужи 2 годишната казна за набавката на лускузниот „мерцедес“.
Упатниот акт му беше доставен утрово во кривичниот суд, бидејќи, неофицијално, не го нашле на домашна адреса.