Груевски до 8 ноември треба да се јави во затворот во Шуто Оризари
Експремиерот Никола Груевски доби упатен акт да се јави во затворот во Шуто Оризари.
Според актот, Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот, каде што треба да ја отслужи двегодишната казна за набавката на лускузниот „мерцедес“.
Од кривичниот суд потврдија дека упатниот акт на Груевски му бил доставен утрово во судот пред почетокот на судењето за предметот „Траекторија“ бидејќи не го нашле на домашна адреса.
„По претходно неуспешен обид да му биде доставен на домашна адреса, на едно од осудените лица со правосилно потврдената пресуда од страна на Апелацискиот суд за предметот ‘Тенк’ во судот му беше врачен упатниот акт изготвен од судија за извршување санкции во кој е наведен максималниот рок од 13 дена до кога треба да се јави на издржување на правосилно потврдената санкција“, велат од судот.