На владината седница не беше кажано дека Владата добила од Сорос 50 милиони евра. Го споменав Сорос, но за нешто што не е поврзано со Владата, вели коалицискиот партнер во грчката Влада и министер за одбрана Панос Каменос во изјава , во однос на тврдењата на поранешниот министер за надворешни работи на Грција дека тој пред министрите рекол дека Владата е финансирана од Сорос.
– Бидејќи гледам дека има многу шпекулации и се прават цели сценарија за работи што наводно сум ги кажал на владина седница, да расчистиме дека никогаш не беше кажано дека Владата доби 50 милиони евра од Сорос. Го спомнав Сорос во врска со соработката на Министерството за надворешни работи со фирма за издавање визи, што нема никаква врска со Владата, рече Каменос.
Kоалицискиот партнер во грчката Влада, коментира дека сите овие сценарија ги користи опозицијата „за да ги скрие случувањата со притворот на поранешниот министер за одбрана Јанос Папандониу”.
– Владата има министерски совет (владина седница) на кој се водат стенографски белешки и нема да ги продолжам обидите на некои да прават таков вид сценарија врз основа на овие изјави, додава Каменос.
Прашан за аргументите на Коѕијас, министерот за одбрана на Грција вели дека веќе нема да се занимава со него.