Кривична за директор и вработен во „Комуналац“, потрошиле 10.000 евра за гориво
Кривична пријава е поднесена против двајца светиниколци, кои купувале гориво на државна сметка, оштетувајќи го буџетот на ЈПК „Комуналец” Свети Николе со над 10.000 евра.
Како што соопшти МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против А.Д.(35) и С.А.(47), двајцата од Свети Николе за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Во период од 30.11.2016 до 07.11.2017 година второпријавениот, вработен во ЈКП „Комуналец” Свети Николе, со овластување од првопријавениот, како директор на ЈКП „Комуналец”, и покрај тоа што знаел дека возилата на „ЈКП Комуналец”, не биле во возна состојба, издавал картички за купување на гориво за тие возила, по што било купувано гориво за возила кои не биле сопственост на ЈКП „Комуналец”.
Потоа, првопријавениот, и покрај тоа што бил запознат за состојбата на возилата на „ЈКП Комуналец”, ги одобрувал фактурите за набавено гориво. Со ова, пријавениот предизвикале штета од 679.342 денари, на Буџетот на ЈКП „Комуналец” Свети Николе.