Играчите на Реал беа испратени со жестоки свирежи од гледалиштето на „Сантијаго Бернабеу“ по минималната и неуверлива победа од 2:1, новинарите експресно го нападнаа легендарниот Емилио Бутрагењо, кој е еден од поважните директори во Реал Мадрид и близок соработник на Флорентино Перез, за иднината на Хулен Лопетеги. Тој тогаш потврди дека Лопетеги ќе биде на клупата на „Ел Класико“, тоа е апсолутна информација која доаѓа од врвот на клубот.
Но, новинарите се докопаа до информација која дефинитивно потврди зошто пораншениот селектор на шпанската репрезентација ќе остане подолго време на клупата на ,,кралскиот клуб’’ и ќе го води клубот.
Неговиот договор со Реал Мадрид е со важност до 2021 година и му се загарантирани 6 милиони евра по сезона, и во случај да добие отказ клубот ќе мора на неговата сметка да префрлат 18 милиони евра. Меѓутоа, сепак, според извори од клубот, неговата иднина во ,,кралскиот клуб” е ставена на испит пред ,,ел класико” кое се игра на ,,Камп Ноу”, а Реал нема пораз на тој терен од 2015 година.