Салах ѝ даде дрес на навивачка, таа нему – бонбониера

Мохамед Салах беше двоен стрелец во победата на Ливерпул против Црвена ѕвезда (4:0) во Лигата на шампиони, а покрај тоа усреќи и една навивачка во публиката на „Енфилд“.

По натпреварот, Египќанецот истрча до трибините и ѝ го подари својот дрес на една пресреќна навивачка.

Но, не замина со празни раце.

Девојката која држеше некаков транспарент напишан на арапски јазик, го повика до себе и откако го зеде дресот му подаде нешто завиткано како подарок, што подоцна се покажа дека е луксузна бонбониера вредна 42 фунти.

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави