ЈП “УЛИЦИ И ПАТИШТА”: Се менува оштетената урбана опрема на градските сообраќајници
Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје, пред една недела ја започнаа акцијата за санација и чистење на оштетената урбана опрема на градските улици и булевари, односно пешачките патеки.
На терен на повеќе локации во Градот се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, сообраќајни знаци и рабници од тротоарите. Од ЈП улици и патшта информираат дека ќе биде поставена нова урбана опрема, а каде што има можност за санација, од оштетената опрема што ќе биде санирана.
Во изминативе денови санирана е опремата на повеќе улици и булевари, меѓу кои ул.11ти Октомври, бул.Илинденска, бул.Мајка Тереза,ул. Ацо Караманов, бул.Србија, бул. Јане Сандански, бул. АСНОМ, бул.Метрополит Теодосиј Гологанов, бул.Кирил и Методиј, ул.Васил Ѓоргов, бул.Трета Македонска Бригада, ул.Френклин Рузвелт, бул.Партизански Одреди во двете насоки и бул. 8ми Септември.
Одговорните во ЈП Улици и патишта, уверуваат дкеа секојдневно се врши контрола и обиколка на градските улици и булевари, а санацијата ќе продолжи и во наредниот период на сите локации каде што ќе има потреба.