Куче спасувајќи момче загина во пожар
Тригодишното куче Снупи стана херој во Словенија, откако во градот Равне спаси 13-годишно момче од пожар, но при тоа самото загина.
Во пожарот што ја зафатил куќата на семејството Камник на првиот кат спиел еден од двајцата близнаци, а Снупи со лижење и благи загризувања успеал да го разбуди од сонот. Момчето пробивајќи се низ чадот и пламените јазици се симнало на долниот кат, од каде неговиот брат повикал пожарникари.
Пожарот го уништил целиот прв кат на куќата, а пожарникарите по интервенцијата го пронашле кучето на подот. На Снупи веднаш му била пружена помош во ветеринарна станица, но кучето не преживеало.
Спасеното момчето поминало само со лесни знаци на труење, а според пожарникарите брзата реакција на кучето му го спасила животот.