Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во Битола
На 26.10.2018 година во 13:30 часот во Полициската станица-Битола, од страна на вработен пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување пријавено е дека истиот ден во 13:30 часот од страна на вработен во ГП„Гранит“, при изведување градежни работи во старата касарна во Битола-комплекс Јуриј, била пронајдена стара неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.
Во 13:50 часот од страна на пријавителот гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.