Стјуардеса на себе го навлекла бесот на јавноста: Кога дознале што правела во авионот
Една стјуардеса од кинеската авио-компанија “Урумки Ер” била отпуштена кога на виделина се појавила снимка од авионот.
Камерите ја фатиле како го пробува секое јадење кое е наменето за патниците.
Снимката била објавена и пред авионот да слета, а изгледа била направена од колега на стјуардесата, бидејќи таа изгледа дека е свесна дека некој ја снима.
Сите кои го погледале видеото побарале објаснување од авио-компанијата и ги истражувале хигиенските услови во авионот.
Компанијата објаснила дека станува збор за храна која не им била послужена на патниците.
И покрај тоа, стјуардесата веднаш била отпуштена.
https://youtu.be/WFi4AnCQXYU