10 часа момчето ја тепало до смрт: Пораката што ја прати, сега се шири низ целиот свет!
24-годишната Американка, Даријан Амакер, е нормална млада жена која ужива во животот и своето хоби го претвора во работа, меѓутоа она што и го направил нејзиниот дечко еден ужасен ден го шокираше целиот свет.10 часа постојано ја тепал, но таа преживеала!
Додека лежела во болница, таа одлучила да ја сподели оваа страшна приказна за да им помогне на другите. И тоа го сторила со видео снимка на Фејсбук кое го испратила на „Националната Коалиција против насилство врз жените“. Во него опишала што точно се случило.
-„Здраво – моето име е Даријан. Неколку дена после „Денот на благодарноста“, мојата љубов стана шисофрена и брутално ме тепаше 10 часа. Тој се испланирал, а јас требаше да умрам. Преживеав и побегнав, наречете го тоа како сакате и поминав 4-ри дена во болница, со подуени очи, прашувајќи се зошто, зошто…?
Физички сега сум во ред, Мојата поранешна љубов и официјално е обвинет од страна на судот и го следуваат долги години затвор.
Го прашав мојот доктор зошто изгледам различно во огледало, претпостаавувајќи дека се психолошки последици од бруталноста. Тој тивко ми одговори дека сите коски ми биле скршени и затоа лицето ми изгледа поинаку, сега е пошироко за половина инч.
Го поминав животот, во собирање на приказни на луѓето…Јас сум пејачка, фотограф, писател, јас давам работи. За прв пат се соочувам со една нечовечка приказна и длабоко сум потресена.
Јас обично не снимам видеа за себе, но тоа беше единствената работа која сакав да ја направам во болница. Инсистирав – Почувствував дека е многу важно и дека ова е еден мој мал триумф да направам нешто, да спасам се што можам од моето скршено срце.
Семејното насилство е тема која не треба да се крие. Тоа влијае на многу луѓе кои ги знаете, среќни луѓе, луѓе кои пејат, кои сакаат. Ние како луѓе мораме да бидеме подобри, појаки и пристојни. Ние кои сакаме не смееме да дозволиме насилство. Ние живите мораме да се соочиме со животот.“
Зборовите на оваа храбра девојка навистина ќе ви влезат под кожата. Таа нас не потсетува дека никогаш не треба да тргнеме поглед од вакви ужасни ситуации кои демнат насекаде, дури и таму каде никој не ги очекува.