По две децении војна, Карлеуша ја пофали Цеца
Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша веќе многу години не се во добри односи. Тие две завршија и на суд, но сега Јелена искоментира нешто што беше изненадувачки за сите.
Јелена Карлеша го пофали гласот и песните на Цеца во последното издание на “Звезде Гранда”, коментирајќи ја изведбата на Кристина Видановиќ, која пееше песна на Цеца и со тоа ја остави публиката во шок.
“Многу ги сакам песните на Цеца и како пее Цеца, тоа се го напишала жената што ја направи мојата кариера, Марина Тукаковиќ”, рече Јелена, додавајќи:
“Почит кон сите тие песни што би сакала да ги пеам на моите настапи, но од некои други причина не го правам тоа, но песните како песни се врв”.