Нов протест во Грција против договорот од Преспа за промена на името.
За време на вчерашната традиционална воена парада, одржана по повод денот кога Грција и се приклучи на борбата против фашизмот во Втората светска војна, дел од резервистите кои маршираа извикуваа „Македонија е Грчка” додека минуваа покрај ВИП ложата.
Истовремено, грчката полиција спречила мала група демонстранти кои сакале да маршираат и протестираат против договорот кој беше потпишан меѓу Атина и Скопје за промена на името на Македонија.