Автобусот на АРМ се запалил на патот Пробиштип – Кратово
Автобусот на АРМ се запалил на патот Пробиштип-Кратово, на четири километри од Пробиштип. Интервенирано е со две противпожарни возила.
Во изјава за МИА, градоначалникот на Пробиштип, Драган Атанасов вели дека возачот на автобусот реагирал навреме и сите војници кои се превезувале со автобусот безбедно се симнале. Автобусот е целосно изгорен.
Од Министерството за одбрана се очекува наскоро да излезат со соопштение околу целиот случај.
фото: Нетпрес