Данев се повелкува од координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Данев се повелкува од координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Драган Данев нема повеќе да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што со месеци се зборуваше, пред малку доби официјална потврда од самиот Данев, кој на прес-конференција призна оти нема повеќе да биде прв меѓу опозициските пратеници.

Поради тоа што излезе на референдумот и гласаше „против“ договорот со Грција, Данев не беше во најдобри односи со раководството на партијата. Односите се подобрија минатите недели кога пратеникот рече дека нема шанси во Собранието да гласа за уставните измени, имајќи ја предвид лошата излезност на референдумот. Тој присуствуваше и на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на револуционерната борба.

Тој стана координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако Влатко Ѓорчев само привремено седна на местото на Илија Димовски, кој се повлече по конгресот во Валандово и доаѓањето на Христијан Мицкоски на местото на Никола Груевски.

Треба да знаете
Последни објави