Лопетеги веќе се збогувал со играчите на Реал

Тренерот на Реал Мадрид Хулен Лопетеги сигурно ќе ја напушти функцијата. Како што  се објави,  Лопетеги по вчерашниот пораз од Барселона бил свесен дека го очекува отказ и веќе се поздравил со играчите.

Реал загуби на гостувањето кај најголемиот ривал со убедливи 5:1.

По 10 кола во шпанската Примера, Реал има само четири победи, две нерешени и дури четири загубени натпревари.

52-годишниот Лопетеги на вчерашниот состанок со играчите говорот го завршил со зборовите „Збогум, за секој случај”.

Се шпекулира дека денес или во наредните неколку дена Антонио Конте ќе биде назначен за нов тренер на „Кралевите“.

Треба да знаете
Последни објави