Трагедијата со уривањето на хеликоптерот на сопственикот на Лестер Сити, Вишаи Сривадханапраба, потсети многумина на слична трагедија која му се случи на Челси во 1996 година.
Минатата недела, на 22 октомври, беа обележани 22 години од трагичната смрт на Метју Хардинг, тогашен потпретседател на Челси. Хардинг бил еден од најпочитуваните луѓе во лондонскиот клуб.
Тогаш 41 годишниот потпретседател на „сините“ загина во хеликоптерска несреќа кога се враќал назад од натпреварот кој Челси го играл против Болтон. Хардинг заедно со неговите пријатели, Реј Дин, Тони Буриџ, Џон Баулди и Мик Гос ги загубиле животите.
Хардинг бил голем фан на Челси, а во раководството на клубот пристигнал во 1994 година и бил еден од најголемите „виновници“ за подемот на клубот, носејќи милиони фунти во касата на лондончани.
По неговата смрт, една од трибините на „Стемфорд Бриџ“ го носи неговото име, а фановите на Челси секоја година не забораваат да го обележат трагичниот ден кога тој го загуби животот.