Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари за влакно ќе настрадале во петокот на чартер летот на Квантас, во модел на Боинг – 737, каде се одвивала драма во текот на слетувањето на аеродром во Сиднеј.
Имено, авионот во кој се наоѓал кралскиот пар, додека се враќал од Тонг во Австралија, доживеал вистинска драма. Само неколку секунди пред да слета на аеродромот во Сиднеј, Боингот 737 повторно полетал и избегнал вистинска катастрофа.
Како што се дознало подоцна, пилотот на Боингот, Нигел Роус, самиот одлучил да го прекине слетувањето и да направи уште еден круг над аеродромот, а сето тоа било поради друг авион, кој премногу споро се движел по пистата и никако не полетувал.
„Имаше уште еден авион на пистата, но беше преспор, па поради тоа не можевме да слетаме. Да не одлучев да го прекинам слетувањето, ќе се најдевме близу нив“, објаснил пилотот. Од Кенсингтонската палата сè уште не се огласиле, ниту ја коментирале оваа случка.
Но, и покрај можната несреќа, парот сепак на крајот излегол од авионот со насмевка на лицето. Кралскиот пар договорил американска турнеја за напролет, 2019-та година, меѓутоа, откако дознале дека терминот за пораѓање на Меган е во тој период, го одложиле за наесен, истата година. Војвотката е во четвртиот месец од бременоста.