Поврзаноста на антизападниот пион Христијан Мицкоски со криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излегуваат на површина, обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку соопштение испратено до јавноста.
„Конзорциумот во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење на вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали. Мицкоски и конзорциумот во кој тој има удел, токму во време кога е советник на носителот на криминалот, Никола Груевски, во 2015 година, добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала“, наведува СДСМ во соопштението со кое од партијата до медиумите испратија и решение за определување на платата на Мицкоски како советник на Груевски, како и одлука за закуп на земјиште објавена во Службениот весник.
Вчера поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков преку отворено писмо до Мицкоски се осврна и на закупот на земјиштето.