Шок за Германија и Европа: Меркел се повлекува од функцијата, пад на еврото

По 18 години на чело на партијата Христијанско-демократска Унија (ЦДУ), германската канцеларка Ангела Меркел се повлекува од функцијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги информирала лидерите на нејзината Христијанско-демократска Унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција која ќе се одржи на почетокот на декември.

Со одрекувањето на Меркел од претседателската функција на ЦДУ, ќе започне и трката за наследник на местото германски канцелар.

Се јавува дека веднаш по објавувањето на оваа вест во Берлин, забележан е пад на еврото на берзата.

Веста за повлекувањето на Меркел од лизерската функција на најголемата партија во земјата, а со тоа и лидер на најсилната држава во Европа, доаѓа две недели откако сестринската ЦСУ доживеа дебакл во Баварија и ден откако самите демохристијани претрпеа сериозен удар во државата Хесен.

Според угледен весник, Меркел знае да „чита” знаци и веројатно проценила дека е време некој друг да го носи товарот на водењето на „локомотивата на Европа”, па поради тоа нема да се кандидира на партиските избори во декември.

Некоои политичари сметаат дека баварските избори биле јасен сигнал кон Берлин и дека тоа ќе ја поткопа владата на Меркел, а ќе го загрози и нејзиниот реизбор за шеф на партијата. Денешната вест само го потврдува тоа.

Треба да знаете
Последни објави