Во полициската станица Струга во утринскита часови на 28. октомври бил приведен 39-годишен Холанѓанец поради тоа што пијан го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште.
Како што информираат од МВР, Холанѓанецот бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.