Надзор над изведените работи улицата „Добри даскалов„ и улица „Ферид Мурад„
Во текот на претходните недели Општина Чаир беше фокусирана во извршувањето на неколку проекти кои беа предвидени да се изведат во финансискиот план за 2018-та година. Станува збор за целосно асфалтирање на улицата „Добри даскалов„ во населба Стар Чаир со должина од 400 метри како и изградба на нов тротоар покрај асфалтираната улица со должина од 400м и ширина од 2м.
Истотака на улица „Ферид Мурад„ завршивме со изградба на тротоар покрај главната улица со поставување на 310 м² бекатонски плочки и 90 метри должина на странични плочки.
Денес Градоначалникот на Општина Чаир г. Висар Ганиу изврши непосреден надзор над изведените работи заедно со раководителите на секторот за урбанизам во Општина Чаир. Целта на овие работи е создавање на безбедност во улиците за сите жители, а особено за учениците, чие движење долж оваа улица во минатото не беше сигурно.