Според најновото истражување на Институтот за мерење и процена на здравјето во Сиетл, Шпанија до 2040. година ќе ја премине Јапонија и ќе го заземе првото место во светот на табелата кога станува збор за очекуваниот животен век.
Луѓето во Шпанија ќе живеат во просек 85,8 години, додека во Јапонија тоа ќе биде 85,7.
Причината поради која Шпанците наскоро ќе бидат најдолговечен народ на светот се крие во три многу важни работи – медитеранската исхрана, негувањето на семејните врски и уредниот, бесплатен систем за здравствена заштита кој, според податоците на Светската здравствена организација, е седми најдобар на светот.
Кога новинарите во Мадрид сопреле жена која изгледала како да била во доцните 50-ти години, а имала 75, на прашањето во што е тајната на нејзиниот младолик изглед, открила: “Тоа е маслиново масло, зеленчук, овошје, риба, не многу месо, малку пиво и вино. Да, и треба да уживате во животот, пријателите и пред се, во своето семејство”.
Истражувачката група за стареење во шпанското Национално истражувачко собрание рекле дека резултатите од истражувањето се во склад со признат тренд и дека животниот век во Шпанија се доближува до тој во Јапонија.
“Сигурно дека медитеранската исхрана одиграла голема улога во тоа, но клучни се и социјалните и семејните односи. Како и другите медитерански земји, Шпанија навистина го вреднува тоа семејно богатсво – врските на семејството, блискоста на семејството. Тоа не е единствената, ниту најважната работа, но мислам дека на некој начин може да се објаснат разликите меѓу Шпанија и другите земји. Тоа е бонус. Ако живеете подобро, на крајот ќе живеете и подолго”, истакналеден од истражувачите.
На листата најдолговечни нации по Шпанија и Јапонија, на третото место се нашол Сингапур, па следат Португалија, Италија, Израел, Франција, Луксембург и Австралија.