Владата ги усвои предлог-дополнувањата на Законот за ученички стандард
Владата на денешната 98. седница го усвои Предлог-законот за дополнување на Законот за ученички стандард.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, целта на предлог-решенијата е да се подобри финансиското работење на ученичките домови за подобрување на условите на учениците сместени во нив.