И Лилјана Затуровска поднесе оставка од Унија на жени ВМРО ДПМНЕ

И Лилјана Затуровска поднесе оставка од Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ

Пратеничката Лилјана Затуровска си поднесе оставка од Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ.  Таа на фејсбук ја образложи својата оставка од позицијата генерална секретарка на УЖ и напиша:

Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата . Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина. ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ И УЖ НА ВМРО ДПМНЕ

https://www.facebook.com/pratenicka.kancelarijastruga.7/posts/2548097538790474

Треба да знаете
Последни објави