РАСКОЛ ВО ВМРО-ДПМНЕ: Трета оставка од Унијата на жени
И пратеничката Лилјана Кузмановска си поднесе оставка од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се случува откако претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, си поднесоа оставка од функцијата, а автоматски по неа се повлекоа и пратеничките Лилјана Затуровска и Лилјана Кузмановска.
Од партијата објаснуваат дека оставките на пратеничките од функциите кои ги имале во ова тело ќе се разгледуваат на следната седница на Извршниот комитет.
Вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев информираше дека нема да биде повеќе кординатор на пратеничка група. Претходно во партијата имаше исклучувања и разрешувања. Исклучени беа поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Претходно беа исклучени и пратениците кои гласаа за отворање на Уставот. Разрешен беше потпретседателот на партијата Митко Јанчев, како и членот на ИК, Костадин Богданов. Од партијата ги обвинија дека му помогнале на премиерот Зоран Заев да има двотретинско мнозинство, така што вршеле притисоци врз пратеници.