Две лица се повредени при судар на автобус и „пасат” во Скопје. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 18,50 часот на крстосницата од улицата „Кузман Шапкарев“ со улицата „Борис Сарафов“.
Во сообраќајната незгода учествувале автобус ,,јутонг“ со скопски регистерски таблици управуван од Г.Н.(47) од Скопје и возило ,,фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Р.(42) од село Колари-Кичевско.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.Ј.(40) од село Зајас, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза“. На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.