Фудбалерот на Јувентус, Жоао Кансело има само пофални зборови за својот сонародник Кристијано Роналдо.
Кансело изјави дека Роналдо мора да ја освои Златната топка и порача дека се освен тоа би била голема неправда.
„Ако Роналдо не ја освои Златната топка, тоа ќе биде неправда. Тој е најдобар играч на светот, а и минатата сезона беше надмоќен“, изјави Жоао Кансело и додаде:
„Роналдо минатата сезона ја освои Лигата на шампионите и беше апсолутен победник со 15 постигнати голови. Во која екипа и да игра, таа екипа станува за класа подобра. Доказ за тоа е што Барселона без Меси победи 5:1, а Реал без Роналдо загуби со тој резултат. Тоа е разликата“, изјави Жоао Кансело.