Пензионер наседнал на измама и останал без 8.000 евра
72-годишен маж од Гевгелија во текот на вчерашниот ден во полициската станица во градот пријавил дека истиот ден околу 12 часот и 30 минути две непознати лица го измамиле и му одзеле 8 000 евра.
„Двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле, имале проблем со реализација на чек во банка, а им требале како гаранција за да може едниот од нив да оди на операција во Струмица. Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе“, наведуваат од МВР во соопштението.
Но, како што наведуваат од полицијата, откако 72-годишниот маж им ги дал парите, лицата заминале и не се вратиле. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.