Поранешен болничар призна убиство на повеќе од 100 пациенти

Поранешен болничар призна убиство на повеќе од 100 пациенти

Поранешниот германски болничар денеска на суд призна дека убил 100 пациенти. Обвинителството наведе дека 41-годишниот Нилс Хогел им нанел фатални дози на лекови на жртвите во две болници во северна Германија.

Неговиот мотив бил да ги импресионира колегите со реанимацијата на пациентите што ги напаѓал, но, за жал, во многу случаи не успеал да ги оживее.

Хогел веќе отслужува доживотна затворска казна за шест смртни случаи. Тој пред судот рече дека убил 36 пациенти во Олденбург и 64 во Делменхорст во периодот меѓу 1999 и 2005 година.

На судењето во 2015 година тој рече дека намерно предизвикал срцеви кризи кај околу 90 пациенти во Делменхорст бидејќи уживал во чувството дека може да ги реанимира. Подоцна им рекол на истражителите дека исто така ги убил пациентите и во Олденбург.

Хогел инјектирал големи количини несоодветни лекови кај болни пациенти.  Кога состојбата на пациентите по вбризгувањето на содржината на инјекцијата се влошувала, Хогел прв доаѓал за помош и ги реанимирал. За жал, во многу случаи реанимацијата не успевала и пациентите го губеле животот.

Треба да знаете
Последни објави