Полицијата во Тетово го приведе 54-годишниот тетовец Н.И откако вчера во периодот од 12 до 22 часот и 30 минути изврши претрес во неговиот дом во Тетово, каде е пронајдена марихуана.
„При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење. Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија“, соопшти денеска МВР.
Педесет и четиригодишниот тетовец Н.И, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, стои во соопштението, а во текот на денот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.