Ѓорчев до Заев: Власта спроведува селективна правда
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев обвини и дека власта спроведува селективна правда и неправда. Тој рече дека пратеникот Стојан Миланов, кој пред две недели не гласаше за уставни измени, завчера доби кривична пријава.
„Ние сме во Собрание каде што буквално во 7.00 часот може да те ослободат од затвор за да гласаш во 9.00 навечер и после тоа е во ред. Ваква состојба во Македонија 60 години наназад немало. Сите се во грч, нема правда, има само неправда“ рече Ѓорчев.