Во Македонија во просек се случуваат 150 тешки повреди при работа месечно
Според државниот инспекторат за труд во Македонија во просек се случуваат 150 тешки повреди при работа месечно, некои од нив и со смртни последици. Најголемиот број повреди при работа се случуваат во земјоделството.
Овие бројки ја алармираа организацијата на работодавачи која бара големи измени во постоечкиот закон за безбедност и здравје при работа, но и потреба од нов закон. Тие предлагаат поголема улога да им се даде на стручните лица во компаниите кои имаат положен испит за безбедност и здравје на работа, да се прецизира одговорноста на работодавачот и лицето задолжено за безбедност и здравје при работа, но одговорност да имаат и надворешните констултанти, како и да се зајакне улогата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа.
И од Националниот совет за здравје и безбедност при работа сметаат дека неопходна е промена на постоечкиот закон. Од превенттивните здравствени прегледи тие заклучиле дека голем број од болестите може да не се директна причина од работата, но се последица.
Постоечкиот закон за безбедност и здравје при работа е донесен во 2007-ма година, како на надградба на законот за заштита при работа од поранешна Југославија и до денес има претрпено повеќе измени.