Седум лица се здобиле со полесни повреди во вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.
Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 23 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 22 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 17 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и пет возачи почетници.
Од сообраќај полицијата исклучила 16 возила, од кои две возила кои не биле технички ипсравни и 14 нерегистрирани.
Непрописно паркирани биле 92 возила, а пајак службата подигнала 78 возила.
Полицијата санкционирала и девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден за неправилно престројување и седум возачи за не давање првенство на возила во зона на крстосница.