Жените над 35 години не би требало да брзаат со проширување на семејството, препорачуваат научниците од Универзитетот на Британска Колумбија.
Научниците анализирале податоци за 148.544 бремености во Канада и откриле дека жените постари од 35 години имале околу 6% повисок ризик од прерано породување. Сепак, ако почекале барем 18 месеци од претходното породување до следното зачнување, процентот на ризик опаѓал на само 3,4%.
Меѓу жените кои чекале само шест месеци, забележан е ризик од смртност и други потешки последици во 1,2% од случаите. Тој ризик е намален на само 0,5 отсто кај жените кои почекале 18 месеци меѓу двете бремености.
„Ризици има од неколку причини: можеби телото нема закрепнато од претходната бременост и породувањето, лоша пренатална нега и фактори поврзани со непланирана бременост. Препораката е да се информирате за методите на заштита и да се воздржите од незаштитен сексуален однос некое време по породувањето“, објаснува професорка од Харвард.
Ако сте во средни 30-ти години, нејзин совет е да бидете внимателни барем 12 месеци.
„Тоа е магичната бројка што би требало да им одговара на повеќето жени, а се исплати бидејќи го намалувате ризикот од бројни можни компликации“, предупредува таа.