Смртоносна иницијација кај бруцошите: Пиел од свинска глава, следниот ден бил мртов

Смртоносна иницијација кај бруцошите: Пиел од свинска глава, следниот ден бил мртов

Ед Фармер (20), студент на Универзитетот во Њукасл, пријателите го однеле во болница со избрицена глава, затоа што испил големо количество на алкохол во декември 2016 година.

Тој починал следниот ден додека родителите, Џереми и Хелен Фармер, биле покрај него.

Имал пет пати повеќе алкохол во крвта отколку што е дозволената граница, тврдат медиумите.

Инцидентот со смртниот исход се случил кога се приклучил на група од 30 студенти, кои оделе во бар во центарот на градот.

 

 

Ед бил толку многу пијан на крајот од вечерта, така што други студенти морале да го донесат до дома. Таму бруцошите, меѓу кои бил и Ед, чекале да ја довршат иницијацијата, така што ги бричеле главите пред да влезат во гаража да пијат водка од свинска глава, наедува наредникот Карен Дикс.

Докторот Рубен Захарија, шефот на Брзата поош кога стигнал Ед, дал исказдека момчето е донесено во болница „со избричена глава, мислејки дека тоа е забавно“.

Студентот, кој болницата бил донесен во 5:45 наутро на 13 декември 2016, веројатно би преживеал ако бил донесен порано, тврди докторот Захарија.

Предходната истрага од минатиот октомври укажува на тоа дека неговите колеги едни на други си праќале пораки „одби“, кога поицијата почнала да ја истражува смртта на студентот.

Сослушувањата се во тек и ќе траат во наредните пет дена.

Треба да знаете
Последни објави